fbpx

Како можам да учествувам на Натпреварот?

Со полагање на Microsoft Office Specialist испит твоите резултати ќе бидат автоматски дел од Македонскиот Национален МОС натпревар и од Светскиот MOS натпревар. Најдобрите 20 резултати од целата држава влегуваат во националното финале.

Доколку имаш прашања околу учеството на натпреварот обрати се на contact@certiadria.com

Кој може да учествува на Натпреварот?

За да учествуваат на Националниот MOS натпревар кој се одржува во Македонија, а потоа на Светскиот MOS натпревар кандидатите мора да бидат ученици/студенти запишани во акредитирани академски институции признати од државата во која истите работат. Учесниците, исто така, мора да имаат од 13 до 22 години (заклучно до 15ти јуни, 2022 година). Учесниците на Светскиот MOS натпревар треба да достават доказ за возраста и ученичкиот/студентскиот статус по барање на организаторот.

Со полагањето на официјалниот МOS испит и влегувањето на овој натпревар, учесниците се согласни да се придржуваат до сите услови и официјално пропишаните правила.

Учесниците кои учествувале на некој од претходните Светски МОS натпревари МОЖАТ да учествуваат на натпреварот во 2022 година, меѓутоа не можат да се натпреваруваат во категоријата на испитот во која се натпреварувале на претходниот МOS натпревар (доколку биле национални победници и се натпреварувале на светското финале).

Како можам да полагам официјален МОS испит?

Оваа година, исто како и минатата, кон натпреварот се приклучија спонзори кои донираат официјални МОС испити за сите заинтересирани кандидати. За да добиете бесплатен испит од спонзорите потребно е да се пријавите на нашата веб страна www.mosnatprevar.mk. На Вашата e-mail адреса ќе добиете квалификациски испит кој мора да се положи за да добиете бесплатен официјален Microsoft Office Specialists испит.

Детали за квалификацискиот испит

  • 25 прашања
  • 50 минути за одговарање на истите
  • Секое прашање носи 40 поени
  • Имате право 2 пати да го полагате квалификацискиот испит
  • Прашањата се одговараат со избирање на одговор од повеќе понудени одговори
  • Некои прашања имаат и повеќе од еден точен одговор

Како можам да полагам официјален МОS испит?

    1. Полагање на бесплатен МOS испит
      1. Со цел добивање на официјален МОС испит од спонзорите потребно е да се положи квалификацискиот испит што е објаснето во претходниот пасус.
      2. Секој кандидат може да добие само 1 бесплатен испит.
    1. Регуларно полагање на официјален MOS испит
      1. Секој кандидат кој ги задоволува правилата наведени во вториот пасус има право да го полага посакуваниот испит неограничен број на пати, а цената на испитот изнесува 1.800,00 денари со вклучено ДДВ.

Како се бираат Светските победници за Word®, Excel® и PowerPoint®?

Сите регионални/државни шампиони ќе бидат поканети на Светскиот MOS натпревар да се натпреваруваат за титулата Светски МОS шампион за Word 2016 или 2019, Excel 2016 или 2019 и PowerPoint 2016 или 2019. За време на Светскиот МОS натпревар сите регионални/државни шампиони ќе бидат тестирани во надгледувани простории или онлајн. Генерално, од учесниците се бара да ги пополнат испитите само еднаш, меѓутоа може да се случи Certiport да бара втор круг на тестирање.

Сите учесници на Светскиот MOS натпревар се одговорни да се припремат за натпреварувањето во нивната категорија на испити. Certiport и/или неговите партнери можат да им обезбедат на учесниците материјали за подготовка со цел да ги олеснат подготовките и тренингот на секој учесник.

Како Certiport го избира победничкиот резултат?

Доколку двајца учесници на Светскиот MOS натпревар имаат ист број поени на испитот, финалистот кој го завршил испитот за пократко време ќе биде сметан за победник. Одлуките на судиите се конечни. Победниците ќе бидат објавени за време на церемонијата за доделување на наградите.

Кој влегува во Големото Финале во Македонија?

Најдобрите 20 учесници од цела Македонија ќе се натпреваруваат во Големото финале кое ќе се одржи на крајот од Мај во Скопје.

На кој јазик се полага испитот?

Официјалниот Microsoft Office Specialist испит е на англиски јазик, како на Националниот натпревар кој се одржува во Македонија така и на Светскиот натпревар во САД.

Колку пати можам да го полагам квалификацискиот испит за Натпреварот?

Не постои ограниченување на бројот на полагање на официјалните МOS испити, сè додека учесникот не ги прекршува правилата на политиката на Microsoft Office Specialist натпреварот во врска со преполагање на испитот. Учесниците кои нема да се придржуваат до политиката на Microsoft Office Specialist натпреварот во врска со преполагање на испитот ќе бидат веднаш дисквалификувани. Certiport ги задржува правата да дисквалификува учесници поради горенаведените причини.

Колку различни видови квалификациски испити можам да полагам за време натпреварот?

За време на квалификацискиот круг еден учесник може да полага ПОВЕЌЕ видови испити. На пример, може да полага испит за Excel 2016 и Excel 2019. Меѓутоа, доколку се квалификува за учество во регионалниот/државен круг или финалниот круг во САД, може да се натпреварува во САМО ЕДНА категорија.

Доколку имаш било какви прашања во врска со Националниот MOS натпреварот постави ги на е-маил адреса: contact@certiadria.com

Сакам да полагам *
 MOS Word 2016 MOS Excel 2016 MOS PowerPoint 2016

Се согласувам моите резултати да бидат јавно објавени.

×
×