Шампиони
Сердар Цветков, ученик од СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје, постигна извонреден успех на 16.08.2024 на глобалниот Microsoft Office Specialist натпревар кој се одржаа во Анахајм, Калифорнија, освојувајќи го првото место во Европа и петтото место во светот. Овој престижен натпревар ја потврди неговата извонредна дигитална писменост и го истакна како вистински амбасадор на младите таленти од Македонија.
Ана Марија Атанасовска ученичка во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин”, беше македонскиот претставник на Светскиот Microsoft Office шампионат 2019 кој се одржа во Њујорк, Америка и таа се врати со освоено второ место.
Јорданчо Ефтимов беше македонскиот претставник на Светскиот Microsoft Office шампионат 2018, кој се одржа во Орландо, Флорида. Претходно, Марко беше убедлив победник на националниот Microsoft Office Specialist предизвик кој се одвиваше во i-bank store на Стопанска банка на 31.05.2016 во организација на Certiadria.
Драгана Јакимова беше македонската претставничка на Светскиот Microsoft Office Specialist шампионат во 2017 година, кој се одржа во Анахејм, Калифорнија, САД. Драгана е студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Националниот Microsoft Office Specialist натпревар се одржа во i-bank store на Стопанска банка на 31.05.2017 во организација на Certiadria.
Марко Марковиќ, македонскиот претставник на Светскиот Microsoft Office шампионат 2016, кој се одржа во Орландо, Флорида, оствари огромен успех со тоа што на светско ниво го освои 9-то место во Microsoft PowerPoint 2013. Претходно, Марко беше убедлив победник на националниот Microsoft Office Specialist предизвик кој се одвиваше во i-bank store на Стопанска банка на 28.05.2016 во организација на Certiadria.