Национален MOS натпревар
Certiadria оваа година по шести пат го организира Националниот MOS натпревар.
Право на учество имаат сите од 13 до 22 години, односно сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите, каде натпреварувачите ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office апликациите: Word, Excel и PowerPoint 2016.
Победниците на Националниот MOS натпревар ќе се стекнат со можност да учествуваат во Светскиот Натпревар Microsoft Office Specialist 2021.
ДАЛИ СИ СПРЕМЕН ДА БИДЕШ МICROSOFT ШАМПИОН?
Microsoft Office Specialist
Светски натпревар 2021
Светскиот натпревар Microsoft Office Specialist, организиран од Certiport Inc., претставува глобален натпревар кој ги тестира вештините на учесниците во Microsoft Word®, Excel® и PowerPoint® од MS Office 2016. Со учество на овој натпревар добиваш одлична прилика да ги покажеш своите вештини, да се забавуваш, да оставиш впечаток кај другите учесници, да ја претставуваш Македонија во светот и добиваш можност да се стекнеш со меѓународно признат сертификат и дигитален беџ кој дополнително ги зголемува твоите можности за понатамошно вработување преку платформата Acclaim и да стекнеш големо признание.
Светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist се оддржува 17 години по ред, секоја година во САД. Оваа година ќе се оддржи во Њујорк, САД.
КОИ СЕ НАГРАДИТЕ?
Светски натпревар 2021
1во место
$7000
Медал за достигнување
Пехар
Победнички сертификат
Други награди од Microsoft
2ро место
$3500
Медал за достигнување
Победнички сертификат
3то место
$1500
Медал за достигнување
Победнички сертификат
РЕЗУЛТАТИ
MOS 2016, 2017, 2018, 2019
Светски натпревар 2016, 2017, 2018, 2019
Јорданчо Ефтимов беше македонскиот претставник на Светскиот Microsoft Office шампионат 2018, кој се одржа во Орландо, Флорида. Претходно, Марко беше убедлив победник на националниот Microsoft Office Specialist предизвик кој се одвиваше во i-bank store на Стопанска банка на 31.05.2016 во организација на Certiadria.
Марко Марковиќ, македонскиот претставник на Светскиот Microsoft Office шампионат 2016, кој се одржа во Орландо, Флорида, оствари огромен успех со тоа што на светско ниво го освои 9-то место во Microsoft PowerPoint 2013. Претходно, Марко беше убедлив победник на националниот Microsoft Office Specialist предизвик кој се одвиваше во i-bank store на Стопанска банка на 28.05.2016 во организација на Certiadria.
Драгана Јакимова беше македонската претставничка на Светскиот Microsoft Office Specialist шампионат во 2017 година, кој се одржа во Анахејм, Калифорнија, САД. Драгана е студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Националниот Microsoft Office Specialist натпревар се одржа во i-bank store на Стопанска банка на 31.05.2017 во организација на Certiadria.
Ана Марија Атанасовска ученичка во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин”, беше македонскиот претставник на Светскиот Microsoft Office шампионат 2019 кој се одржа во Њујорк, Америка и таа се врати со освоено второ место.